БЛАГОДАРНИЦИ ВО ЧЕСТ НА КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ

Борецот во НОБ и еден од водачите на антифашистичкото движење е Кузман Јосифоски – Питу. Студирањето во Белград, илегалната работа како член на КПЈ му обезбедуват место во мемоарите на генерациите кои ги следеле неговите идеи. Неодамна се прослави патронот на училиштето. Околу 100 среднисти од економско – трговското училиште што го носи неговото име, со специјална химна која ја негуват 18 години со балет, драма, рецитал, соло и хорско пеење, оркестар, го обележаа празникот. Вообичаено, се посетува могилата и спомен обележјата, куќата – музеј на Кузман, бистата кај Меморијалниот Музеј и во дворот на училиштето. Денот на слевењето на патронот е најголем празник за училиштето и вработените. Се потсетуваме на генерацијата од патронот за цврсто меморирање на идеите на нашите претци. Ние уживаме во благодетите, кои заеднички ги создавале – рече Менче Китаноска, директорка на ЕТУЦ. Ученикот Владимир Дамески вели дека знае за борецот, чие име го носи училиштето, но не доволно. Славењето на денот сепак е почит на училиштето кое години наназад со пиетет го носи неговото име – забележа Владимир.

Loading