ПАУЗА ЗА КАФЕ ПРЕД ГИМНАЗИЈА

Филозофи, логичари, математичари, македоничари… Сите гимназијалци. Знаат да се забавуваат и да се радуваат. Од денот да направат ноќ, од ноќта ден. Меѓу часовите безрезервно се дружат и другарска почит и несебична “љубовна рака” си пружат. Вообичаено на муабет, пуш пауза, дружба и смеа меѓу часовите во кај кафе – баракчето кај гимназијата. Млади и лични и дури и под маски слични. Која им е омилена тема знае само гимназиската шема. Сеедно, дали е кремче, автомобилче или книжуле, со другарска песна леат младост и живеат цврста тинејџерска радост.

Loading