ДУВАЧКО ПЕТТОЛИНИЕ НА МАРКО

Сузана Спасовска пее “Марко, Марко си се фалел…”. Ама нашето момче Марко, веќе две години трпеливо свири на дувачките инструменти – труба, флејта и кларинет во музичкото училиште. Има десет години. Ќе ги открива тајните на инструментите уште четири. Не се знае дали ќе продолжи по патот на песната и свирката или по друга наука. Збунето не пречекаа со професорот Драгољуб Бузески. Дедо ми беше гајдаџија. Страсно дуваше на гајдата која создава интересен звук. Ме инспирира, да научам да свирам. Со голема желба тргнав. Понекогаш знаењето го покажувам на свирки во детски градинки, на помали приредби по училиштата – рече Марко Цинцароски, момчето кое срамежливо, по ритамот на знаците во нотната книга, нé пречека и испрати од кабинетот за вежбање.

Loading