“ПОЧИТТА” ЗАКОН ЗА 4-Б ОД “КОЧО РАЦИН”

Честитки, укараси, перничиња, стомни ламбичиња еден куп творби скроени со фантазијата на умните ученици од 4- б одделение од ОУ “Кочо Рацин”. Разни цртежи, песнички, дипломи, медали, и што ли уште не се собрало кај детските раце под “палката” на учителката Лилјана. Таа задоволна од своите ученици. Вели, секој со дарбата. Со збор и слика, секој ученик, создава по нешто да сведочи и блеска. Учениците знаат дека “зборот на учителката е закон”. Вредни и мирни со детски потреби и за живот спремни. И додека едни се уште мислат што да тренираат, дел по училишни натпревари се експонираат. Додека трети, со глума и поезија се рекреираат. Убаво, весело одделение.

Loading