СО ВЕШТИ РАЦЕ И УМ ЗА ПРОДУКТИВЕН ЖИВОТ

Што е животот… Нашето “Сонце и месечина, желба и далечина…”. Да се допре, да се види преку ридишта и раските во очите го умеат само чистите… Стефани и Симона Пишманоски, Елена Вандеска се веќе тинејџерки. Осмо “Рампо…” одделенки.. Весели, насмеани вредни девојки, идни домаќинки, кариеристки. Дел од десетте ученици кои слушаат и создаваат креации по предметот “Вештина на живеењето”. Изработуваме разна тематика. Украси за Нова година, кукли кои им ги подаривме на забавачињата, т.е првачињата, потоа носии од разни видови текстил. Интересно беше и со готвењето. Учиме да бидеме и добри домаќинки – велат девојките кои два часа во неделата следат интересно предавање по изборниот предмет за финирање на вештините на живот.

Loading