БИТОЛСКИ “КОКОНИ” СО ПП – ДИЗАЈН МОДЕЛИ

Љубителите на модата, стилистите, битолските чупчиња и момчиња на деветти април во Домот на културата – Битола, ќе може да ги наполнат очите и да се освежат со новите детски модели од свила, памук и сатен од детската колекција пролет – лето на прилепската модна куќа Hatra. Ревијата е изненаднување за манекенчињата од четири до 12 години, за дедовците, бабите и родителите, сестрите, другарите. Уверени сме дека новитетите од модната линија, дизејнирани на квалитетните материјали ќе бидат прифатени од младата генерација. Ќе се обидеме да го задржиме високиот стандард. Ги каниме и старите, и младите да бидат дел од манифестацијата. Може ова ќе биде можност некој од посетителите во иднина да носи наш модел на модна ревија – забележува сопственикот на Hatra Fashion, Благоја Конески, за колекцијата на “TILLA STYLISH KIDS WEAR”. Комбинираните модели на здолништа, болеро, фустанчиња, винд јакни, дотерани со традиционални украси и дизајн во уникатни детски весели боички на природен материјал, ќе се презентираат потпомогнати од студио “Балестра” од Битола.

Loading