ОДЛИЧЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ ВО 2010

Вечерва “Зенит” финишира со Изборот на спортисти

Прогласување од 19 часот во хотел “Кристал Палас”


Редакцијата “Зенит”, со поддршка на Локалната самоуправа, вечерва (19 ч.) по трет пат организира Избор на најдобрите од прилепскиот спорт. Прогласувањето и доделувањето на наградите, во присуство на градоначалникот Марјан Ристески, е во хотел “Кристал палас”. Титулите се за најистакнатите во фудбал, олимписки и неолимписки спортови. Во процесот почнат од 11 февруари беа вклучени и читателите преку СМС пораки за своите фаворити. За најсреќниот, чие име ќе го објавиме наредниот број, подготвивме награди. Нивните гласови се додаваат како поени, на оние од седумчлената Комисија и збирот ги дава победниците.         За 2008 беа прогласени фудбалерот Илија Несторовски (Победа), борачот Стојанче Тушески (7 Мај Леов) и параглајдеристот Мартин Јованоски (Делта). Во 2009 успехот го повторија Несторовски и Јованоски, а се приклучи ракометарката Цветанка Срњакова (Жито Прилеп).

Loading