СЕ СРАМАМ ДА СУМ А1

Срам да í е на оваа власт. Сака да остане на власт до крајот на нејзиниот мандат. Е, опозицијата нема повеќе да им го дозволи тоа задоволство. Скоро 65 години ја играа оваа стара, подмолна и перфидна игра со сопствениот народ и никако да ја довршат. На ист начин, со исти средства и со иста замисла.         Само тие да свират, само тие да владеат, како династија. Никој друг освен тие во нивната племенска заедница. Тоа не е нивна трагедија, но трагедија на системот кој произвел човек кој мисли дека добил играчка, а сега се лути што таа играчка му е одземена. Слушајќи ги што зборуваат, не можам да го отстранам чувството дека тоа се луѓе од другата планета, Се прават удрени дека нивното време не е поминато, а секое настојување да опстанат ги води во гротеска. Полека, ќе почнат да се трезнат, иако мамурлакот од вештачките пијалаци подолго трае. Поединци влегле во политиката, како што бекрија со валкани чизми влегува в крчма. Човек станува загрижен кога ќе сфати дека од такви зависи како ќе живееме утре. Таа досегашна опозициона брбларија во парламентот, сето е лага. Со таквата димензија на лагата, исчезнува интелектот, а со тоа и идеата. А вербална борба за власт се претвора во во интелектуален пустош. Тоа е причина интелектот тешко напредува. На интелектот му е потребна традиција. Никогаш не можат да се издигнат над сопствените интереси. Нивната несреќа е единствено во тоа што ја изгубија власта. И сега го напуштија парламентот, затоа што и тие биле А1. Дозволувањето на мафијашките сили, не само да ја избегнат правдата, туку и да останат недопрени, е опасен рецепт за обновување на криминалот. Мафијашки организации, кои своите вистински активности ги маскираат со политика, која е само гнасна стратегија, се служат и му даваат право на неправото. Владеењето на правото е она што една држава ја прави држава и ја разликува од разбојничка дружина. На улица “Перо Наков” доволно си го познаваат својот занает и не им треба ничија помош. До кога ќе сакаме да го убиваме гласникот и да ја “гоиме” мафијата? Таа е најопасна кога некој í ги загрозува интересот. А уште е поопасно кога станува слуга на организираниот криминал. Слободата на печатот, сепак, не е исто што е слободата во џунглата. Демократскиот препород, сам по себе го исклучува насилното рушење на власта. Парламентот тешко може да се одржи кога улицата почна да ги диктира условите. Изборите не би имале смисла, ако опозицијата за сé и сешто биде консултирана. Ним, Бог им ги скусил музите, на ѓаволот им подарил крилја со децении да бидат на површина и да се снаоѓаат во сите идеолошки кијамети. Толку се желни за власт, што не можат да направат договор. Вербалниот радикализам, најчесто бучен и раслоен, укажува на недостиг на визија. И пак се покажува дека политиката не е средство за истерување на правдата, но за остварување на интереси. Плашливите од истерување на правдата, имаат нечиста совест. И треба да се плашат. Еден демократски зрел народ, во критичниот момент, треба да ја препознае ситуацијата кога од него електоратот зависи дали ќе стане соучесник во личните амбиции на некого.

Примариус,

Д-р Благоја Дамески – советник

Loading