ПЕНЏЕРИЊА ВО СОУ “ ОРДЕ ЧОПЕЛА”

Модерниот живот, напредокот во воспитно образовниот процес го следат и основните и средните училишта. СОУ “Орде Чопела” теоријата и практиката ја “реализира” во подобрени услови за работа. Моментно се менува надворешната дограма за заштеда на енергија, а во претходните пет години реновирани биле санитарните јазли, една лабараторија, спортската сала, дел од дограмата. Ново руво имала и мини пекарницата, ветеринарната амбуланта, стакленикот и хемиските лабаратории. Внатрешната столарија, подовите, компјутерите, фасадата, надворешната дограма и дел градежни работи чинат 300 илјади евра. Од нив сто илјади биле за последните две. ИПА фондот на ЕУ одвоил четири милиони денари, преку проектот “Техничка поддршка за општински инфраструктурни проекти”. Дел се од ЛС, МОН и НВО. Во “Орде Чопела”, 80 – тина наставници, годишно “потковуваат” 670 ученици како теоретски и практично да работат во прехрамбена индустрија, фармерството, ветерината, хортикултурата, агроменаџментот, нутрицинизмот и оптиката.

Loading