ЛИТЕРАТУРЕН СОБИР ВО “ КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ”

Марио Нанески шестодделенец од основното училиште “Гоце Делчев”, Ангела Димеска – 7 одделение од “Добре Јованоски”, Наташа Паноска од ОУ “Рампо Левката”, Теодора Тасевска – 7 – то одделние и Кристијана Георгиевска – 7- мо од “Климент Охридски” како и Теодора Силјаноска и Стефанија Рикалоска од “Кире Гаврилоски – Јане” добија благодарници на литературното читање, кое четвртпат се одржува во основното училиште “Кире Гаврилоски – Јане”, како детски емотивен излив по повод Св. Валентајн – Денот на вљубените и денот на закројувањето на лозите Св. Трипун. Наместо ракија и вино, основците налееја сок и стихови, посветени на љубовта, како хумана порака кон луѓето. Убав впечаток остави поетското читање. Долгогодишното искуство, роди иницијатива, децата да ги искажат личните творби пред истомислениците и љубопитните. Почувствителните изразуваат чувства или емотивно читаат своја творба на час – рече Снежана Тодеска, наставничка по македонски, која 26 години негува литература и творештво. Традиционалниот литературен собир бил поздравен и со поезија од Блага Тутеска, поетеса која прочитала и подарила книги на именувани како Ангели, Теодори и Христини. Нејзината книга “Аманет” сакала овојпат да биде во рацете на ученици кои носат име на нејзините деца. Пишувам поезија, инспирирана од вистината, љубовта, искреноста, добрината. Мојата љубовна порака е “да живее љубовта”. Таа освои прво место на еден веб портал – рече Христина Николовска, една од 20 – тината надежни литерати од секцијата.

Loading