РАЦИНОВ КЛАС ВО ПИЦЕРИЈА

Група на ученици од основното училиште “ Кочо Рацин” пријатниот зимски ден го искористија да се прошетаат до пицерија во Старата чаршија. Ги сретнавме расположени, насмеани во гласен разговор која пицерија да ја одберат да апнат и да се дружат на ваков начин. Класната раководителка кажа дека ова е ретка можност за чаршиска дружба и “чамче” муабет со децата. Ова беше желба на учениците од мојот клас и решивме заеднички да одвоиме еден час да мезниме пица и да се посмееме во опуштена атмосфера, без обврска – рече наставничката.

Loading