КЛАРИНЕТСКА КОВАНИЦА НА ХРИСТИЈАН И МАРКО

Во просторија за индивидуална настава во музичкото училиште, секој талент може да пронајде раат во брановите на музиката. Таму ги сретнавме Марко и Христијан. Негуваат свирење на кларинет, под будните сетила на професорот Драгољуб Бузлески.     Марко Цинцароски е втора година. Треба да учи уште четири. Желба за свирење била разжарена од дедото кој свирел гајда. Вежба многу со поддршка од родителите и братот Ратко. Народната песна “Сите девојчиња” му е најомилена. А се обидува и на полето на забавната, класичната музика, како другарот Христијан Бацепејкоски. Народниот мелос е карактеристичен за кларинетот. Најмалку час свирење во денот и теоретска потковица, дарба и трудољубивост е рецепт за успех – рече Христијан. Од 36 годишното искуство како кларинетист професорот Драгољуб Бузлески сретнал деца со музички дар. Не можам, да не ги спомнам Кирил Иваноски – во музичка академија – Скопје, Стојо Мисерлиоски и Целе Паскоски – на Флорида живееле, Ѕвонко и Љупчо Мирчески – кои сега се наставници по музика. Прилеп е пол со таленти – вели Бузлески.

Loading