ГИМНАЗИЈАЛКА – ХУМАНИТАРКА

Надица Корубиноска е тазе гимназијалка. Средношколскиот ритам на живот брзо го прифати. Нејзиното знаење, дарба, човечност од почеток ја покажала преку чувството за хуманост. Талентот го искажувам преку уметноста. Сакам цртање. Туш техниката ми е пасија. Забележувајќи дека има многу семејства на кои им е потребна помош, посакав да помогнам. Поразговарав со професорката по уметност Виолета Грабулоска за идејата за изложба на цртежи од учениците. Ме поддржа наставниот кадар и другарите. Среќна сум што се реализира идејата – вели Надица Корубиноска, прва година во гимназијата “Мирче Ацев”. Скромна, талентирана, трудољубива. Тоа е еден начин за успех во животот. Веројатно и кај Надица, според чекорот кој го прави.

Loading