ЕКСТРЕМНА ЗАГУБА НА ТЕЖИНАТА КАЈ УЧЕНИЦИ

Анорексијата и булимијата се болести со кои се соочува младата популација. Учениците од 8 – г одделение во ОУ “Гоце Делчев” од спроведената анкета кај 50 деца заклучиле дека имало симптоми на анорексија кај 50 – 60 проценти од децата, а булимија имале околу пет проценти од децата. Забележале дека и двете болести имаат заедничка основа. Тоа е физичкиот изглед на телото поврзан со исхраната и психолошката слика на човекот. Кај едната намерно се јаде и потоа се гади при што лицето е со отоци и имаат проблеми со забите и желудникот, стомакот и дехидрацијата, а аноректичните може да одат до екстремна загуба на тежината преку гладување, постење. Чувствуваат умор, вртоглавица, имаат недостаток на витамини кои доведуват до видливи знаци – опаѓање на коса, кршливи нокти, сува кожа како и нерегулиран срцев ритам и низок крвен притисок. Младите спортисти и манекени кои професијата им наложува почест поглед во огледало или исцрпно вежбање не покажуват многу емоции, тешко се концентрираат, често се на вага. Тие се типичен пример за анорексија и булимија и може да предизвикаат сериозни оштетувања на срцето и бубрезите. Затоа нужна е консултација со родители и со соодветни здравствени работници.

Loading