ПРОЗОРЦИ, ВРАТИ, КЛУПИ … ЗА ГИМНАЗИЈАТА

Последниве години градот добива живост со колоритните бои, со новините за подобрување на условите за учење. Пак се санира Гимназијата “Мирче Ацев”. Гимназијата е расадник на бројни кадри. Затоа се реновира третиот кат на училишната зграда. Промената ќе биде забележана кога новата дограма ќе се замени со ПВЦ матријал, кој нема да дозволи провев во 18 од вкупно 39 училници – вели Весна Михаиловска директор на Гимназијата од училишната зграда од 1949 година. Реновирања ќе има и во СОУ “Орде Чопела” и “Ѓорче Петров”, а од основните во “Рампо Левката”, “Кире Гаврилоски”, “Круме Волнароски” во Тополчани и подрачните училишта во селата Старо Лагово, Големо и Мало Коњари и во Кадино село. Кеф ми е да бидам во холот на гимназијата каде учев. На локалната самоуправа секогаш ќе и биде приоритет потребата на младите за образование. ИПА фондовите и ЕУ донираа 400 илјади евра, а седум – осум милиони денари се планираат како влог за иднината на образованието – забележаа градоначалникот Марјан Ристески и Димитар Стевананџија, професор по македонски јазик во гимназијата. Реновирањето на спортската сала, промена на вратите, санација на парното греење и одводот вреди 1,5 милиони денари. Тоа беа пари од од МОН, ЛС и Холандската влада. Во гимназијата учат околу 1030 ученици.

Loading