ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ВО БОГОМИЛСКАТА ПРЕРИЈА

Младиот извиднички одред “Еригон” го користи секој момент за вистинско уживање во природните убавини, низ горите, планините, долините, клисурите, дивите води и извори. Младите да ги раздвижат нозете, да се наситат на чист воздух и да здивнат од градскиот хаотичен живот. Со лесна облека и специјални обувки извидниците ја допреле и Богомилската прерија. Променливото време, со повеќе сончеви периоди во текот на денот и со пријатна клима е погодно за детски прошетки по планините. Рекраеција, занимација, уживање и детско дружење… Младите со полетност и постапки за еколошко служење, а со мислите за природно верижно кружење до сртовите, до врвовите низ планините, долините, теченијата на реките…