ПИСМО ДО НЕПОЗНАТО ДРУГАРЧЕ

Писмата до непознато другарче не се непознати. Постарите генерации пишуваа писма до непознати другарчиња во други држави, кои потоа ги спојуваа. Повратниот одговор и разгледниците кои се разменуваа на почетокот создадоа трајни врски на пријателство. Се посетуваа другарите од детството, разменуваа спомени, мисли, постери и сл … Писмата до непознато другарче се актуелни кај учениците од четврто одделение од ОУ “Кочо Рацин”. Учениците пишуваат писмо до ученик од конкретно одделение или клас во некое училиште од друг град. Пишувањето до непознато другарче е интересно. Знам што да му напишам на другарчето, но треба да се научиме правилно да ја пишуваме адресата. Што се треба да содржи таа и на која страна се пишува – вели четвртоодделенец, кој не сакаше да пишуваме за името, да не ја лути учителката.

Loading