КУСАТА БЕЛИНА ГИ РАЗНЕЖНИ ДЕЦАТА

Краткотрајното белило ги разнежни сите. Се смени воздухот, се смени и расположението на сите. Навистина поладничко, но тоа корисно ги кали децата. Со црвени обравчиња, облечени во топла облека, не заборавија да се порадуваат на снегот. Се тркалаа, лизгаа, ги изладија рацете со снежни топки. Не заборавија да ги извадат санките, претпоставувајќи дека можеби ова е редок повод за детска радост.

Loading