ДЕТСКИ ВРВУЛИЦИ КАЈ СЛАВНИТЕ

Традиционално еднаш годишно, четвртооделенците со учителот Петар Макалоски посетуваат културни институции, изложбени салони, библиотеки, историски споменици. Тоа им е чекор за запознавање од блиску со историјата, културата и книжевното богатство на градот каде се родени. Обично прошетките низ градските “пикантерии” се чинат децата да стекнат ука за полесно снаоѓање. Стапнаа на новата Патеката на славните. Збунето прашуваа што е тоа, кои се тие луѓе. Важно се граѓани, со некоја заслуга за градот. Детската меморија ќе го запомни денот на “средба со славните” и денот кога училишни другарчиња, фатени едно со друго за малите рачиња, возбудливо се прошетале низ лавиринтите на животот надвор од училниците.

Loading