ЗАПОЗНАВАЊЕ СО СЕКСУАЛНИ БОЛЕСТИ

Во некои основни училишта постојат посебни паралелки, секции каде децата се специјализираат за одредена област или одбираат еден изборен предмет кој го сакаат. “Унапредување на здравјето” е таков предмет. Учениците од 8 – г од “Гоце Делчев” се чувствуваат доволно зрело да се обидат да проговорат за сексот и за болестите кои може да се пренесуваат доколку не се заштитат и предвреме не се информираат. Анкетирале 100 деца и со Билјана Георгиевска, како координатор, изработиле проект и флаери кои планираат да ги поделат на младите. Заклучиле дека сексуално преносливи болести се гонореата, сифилисот и сидата. Тие постојат стотици години, но постојат и разни лекарства, кои помагаат да се сузбијат симптомите кои може да предизвикаат компликации. Тоа се инфекции, иритирани од сексуален контакт. Затоа, заштитата е неопходна, мора да се користат заштитни средства при сексуалниот контакт, да се примаат вакцини, посебно девојчињата, и да се тестираат одвреме навреме партнерите, посебно ако менувале повеќе партнери. Сајбер секс, телефонски секс или мастурбација се начини за избегнување контакт – велат младите.

Затоа, осмооделенците апелираат до здравствените институции, граѓаните, локалните заедници да се обидат да ги информираат и заштитат навремено децата кои не се упатени за оваа проблематика, а покажуваат знаци на побрз раст и развој на личноста.

Loading