ПРЕКУ ФИСКУЛТУРА ДО ПРАВИЛЕН ОБЛИК НА ТЕЛО

“Сакаме фискултурна сала”. “Еден глас” на ученици од петто одделение во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Приоритет на училишниот одбор, на директорот е проектот да се реализира во 2011 година. Не може да се спроведе програмата, зашто нема соодветна сала. Се вежба во обична училница, со малку справи. Секој ден физички вежби за здрава нација, а не имитација во обични училници – вели Благојче Илиоски, наставник по физичко. Дел ученици рекоа дека потребна им е сала за одредени временски услови. Убаво е кога вежбаме за нашето тело, дух и здравје. Преку играта се развива и мислата – изјавија петтодделенците. Евгенија Крстеска кажува дека потребни се вежбите за исправени рамења, движење на нозете. Таа сака одбојка и не знае дали ќе спортува. Одбојка тренира две години со соученичката Жанета Николовска. Одбојката ме исполнува. Убаво е за телото – забележува таа. За Марија Шијакоска спортот е релаксација. Таа е тенисерка. Димитринка Иваноска сака кошарка. Најважен е тренингот, а на училиште потребно е да се стекне со основни познавања за спортовите и важни се тренинзите – рече Иваноска. Момчињата ги сакаат игрите со топка. Филип Стојаноски, три години тренира во ФК “Тони”, а Благојче Симоноски вели дека тренингот е важен за правилен развој на мускулите. Вежбите со топка ми се интересни и мислам да почнам да вежбам некој спорт со топка – рече Симоноски.

Loading