МАЈСТОР ЗА РЕЦИТАЦИИ И КАТИ

Со седум години Бојана Кузманоска, ученичка во ОУ “Гоце Делчев”, успешно изрецитира и го освои првото место на конкурсот за рецитатори на градската библиотека “Борка Талески”. Бојана е и каратистка. Освоила трето место во ката за женски, а учесник била и на петтиот меѓународен меморијален турнир “Милан Башески – Баше”, каде овоила трето место во екипна конкуренција. Најдрага награда ми е за рецитатори и од државното првенство во карате. Една година одам во КК “Ронин”, вежбам фитнес, а сакам англиски и музичко. Омилена ми е математиката – вели Бојана. Учителката Даниела Котеска вели дека Бојана била активна, амбициозна и сите текстови и биле со ѕвездички.

Loading