ЛАБОРАНТИ И В КУЈНИ

На часот по лаборантски вежби во СОУ “Орде Чопела” се оспособуваат ученици за техничар нутриционист. Тие може да работат како лаборанти во кујна на детска градинка, болница, хотел и слично. Се испитува густина, свежина, мастите во продуктите, а не се вршат био – хемиски испитувања. Анализите ги прават учениците од четвртта година и тие се потребни за училишната пекарница. Учениците се оспособуваат. Имаме докажани кои се асистенти. И професорите си дозволуваат да се поткрепуваат на нивното знаење – рече Васе Славејкоска, професорка по хемија и практичен дел. Лабораторијата свети од чистота. Таа постои две години во ново руво, во посебен дел во училишниот двор. Располага со епрувети, мерачи, хемиски препарати за испитување и анализа на храна – на млеко, месо…

Loading