МЕРАК ЗА ЕКОНОМИЈА

Ана, Наташа, Сања се четврта година во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Идни економистки кои веќе знаат што сакаат, но се таинствени во во избор што по завршувањето на средното училиште. Би сакала да продолжам на некој добар факултет каде ќе може да го проширам своето знаење и ги докажам своите амбиции. Уште не знам каде, дали на некој од странските или не – откри Наташа Талеска. Ане и Сања велат дека би работеле со професијата зашто добро го совладале материјалот на училиште. Професијата нуди широк избор на насоки за работа. Трите ученички се наградени за најдобро изработен маркетинг план на натпревари меѓу средните училишта од државава. Свесни се дека деловниот круг на бизнисмените е нивно место каде би се докажувале како идни креатори на развојната свест, би заработувале, создавајќи свои цели кои ќе ги зацврстат во животот.

Loading