ДАНИЕЛ ЖАРИ И ПАЛИ СО ТАРАМБУКА, ТАПАН …

Има 12 години Даниел Стеваноски. Три години вежба тропање на народните инструменти. Од мал изразил желба да тропа на тапан и тарамбука. Рекордер е меѓу 25-те ученици во музичкото училиште. Писмен тапанџија сум. Можеби имам “жичка” музикалност, наследена од двајцата дедовци кои свиреа на гитара. Не е важно силата за тропањето, важна е техниката – вели Даниел, еден од најдобрите ученици за кои професорот по народни инструменти Мендо Ташкоски, вели дека претстои иднина. Наставникот е оптимист. Даниел е талент, надарено дете, од кое ќе излезе успешен професионален музичар. Лесно се вклопува со тропањето со другите инструменти, зашто има сличности кои се поклопуваат. Покрај тапанот, специјалитет му се и тарамбуката, дајрето и тапаните. Стеваноски една година свири во ЦК “Марко Цепенков” на свечености со класата. Настапувал и во Старскиот дом. Првото и второто место во Кавадарци му даваат елан за настапи, а имал бројни настапи по електронски медиуми како и на фестивалот во Долнени. Заедно со Благојче Најдоски и Марина Иваноска биле успешни на настап каде освоиле второ место.

Loading