Глеј како од заседа ѕирка
со насмевка на лицето
и со љубов во очите.
Се извива како глас од славеј
ме гушнува и се радува.
Се радуваме и двајцата.
Кој повеќе се радува , тој или јас.
Ме заробила преѓата на детството.
Мило немој брзо да ми пораснеш.
Дедо сака подолго да си игра,
со тебе да се радува.
Песнава е мала,
ама љубовта кон тебе е голема.
Киро Јонзоски,
пензиониран професор