ПЕТКИ ЗА НАСМЕВКИ ДЕТСКИ

Учениците ги зедоа сведителствата со описното и со бројчаното оценување за покажаното знаење во првото полугодие додека се одмораат мегу ,,две трки,, за знаења. Децата весели на петките бараат честење, некоја паричка од родителите и од бабите и дедовците. Некои добија и книги, некои компјутер за успешна жетва на знаења. Малите првооделенчиња со песничка пред родителите докажаа дека допрва следи учење и докажување. Имаат енергија, интересирање, интелегентни се, со трошка социјализација, ќе бидат подружељубиви. Излегувајќи по сведителството, ученичињата рецитираа умешно и темпераментно. Ги забораваа и сведителствата, односно забелешките за нивното поведение и знаење во полугодието. Тоа е знак дека уште од мали важно е да им биде убав престојот на училиште и дружбата со другарчињата, учителката, книгите, боичките, песничките… Се уште се со впечатоци од празниците. Велат дека Дедо Мраз во зградите им слетал со хелихоптер да им подари подароци, и во надеж дека снеже ќе заснежи да се порадуваат на детската игра.

Loading