СПЕКТАР ОД МУЗИКА

Весело и со традиција на достоинствен начин учениците и професорите на музичкото училиште свиреа спектар од композиции од познати класици. Поединечно, во хор или оркестарски убаво звучеа валцери, ора во склад со поводот – Новата година и Божик. Секоја година учениците од музичкото училиште пред родители, пријатели на музиката, ги покажуваат вештините, дружејќи со виолина, клавир, труба, флејта, хармоника, тамбура, тапан, тимпани, гајда, гитара, мандолина во животот… Музиката комбинирана со изведба на соодветна песна, инструменталка, ги разгали срцата…

Loading