ИГРАЧКИ ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

Младите од СОУ “Кузман…”

Кирил Ристески и Христијан Ристески од четврта година во СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,, се ,,главата,, на младинската организација. Организираат активности од хуманитарен карактер. Собирале играчки за деца без родители, а на хендикепирани подариле велосипед за Нова година. Ќе се обидат стилски да ја честитаат Новата година. Организираат викенд прошетки низ Македонија за забава и рекреација. Задоволни се што се дел од генерации кои постигнуваат успеси и кои го ставаат училиштето мегу реномираните. Помагаме со совет, контактираме и со бизнисмени за практична наставата, поврзувајќи страни. Посакуваме професорите да се пензионираат на 40 години работен стаж. Со младите професори се разговара со поттикнувачки пристап. На чело на организацијата, значи и да се биде пример – вели Христијан Ристески, кој во иднината планира да биде професионален музичар.

Loading