НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР СО ХУМАНОСТ

На тема “ Мојата новогодишна желба” преку цртеж, текст, творби основците од ОУ “Гоце Делчев” создале творби и новогодишни честитки, со кои ги поздравуваат родителите и им ја честитаа Новата 2011 на граѓаните. Децата, дел професори и претставници на подмладокот на Црвен крст, ќе го посетат градоначалникот Марјан Ристески, децата со посебни потреби и градинката во училиштето. Ќе им однесат топли поздрави со желби за здравје и успех, преку некоја од креираните детски честитки. Основци од ОУ,,Рампо Левката”, од ,,Кочо Рацин” вредно правеа украси, лампиони, новогодишни честитки, снешковци по нивна фантазија. Производите создадени со детски труд ќе ги изложат во училиштата. Таканаречениот новогодишен панаѓур ќе биде продажен со хумана порака.

Loading