ДОБРО ЗДРАВЈЕ ВО НОВАТА

Група од десеттина осмоодделенци во ОУ ,,Рампо Левката” учат за значењето на грижата за своето здравје по предметот унапредување на здравјето. Со помош на наставничката Весна Трајкоска, се запознаваат со проблемите,предизвикани од дрогата и влијанието. Учат како да се заштитат, за преносливи болести, кои се последица од нехигиената, анорексија, булимија, гиниколошки болести, разни видови грип и слично… Секој ученик прави посебен проект. На пример за дебелината, креираат диетален список за лична диета, која не би им го нарушила здравјето , а би се користеле само најнеопходните продукти. Користат секакви сознанија од животот и предвидени во проектната настава.

Loading