ГРСТ ЖЕЛБИ ВО ЕДНА ЌЕСА

Децата радосни на скромните пакетчиња кои ги добија во училиштата, по фото студијата, детските градинки, дома, по фирмите … Во малите рачиња и детскиот свет и мизерните барбики или ситни играчиња изгледаат големи. Со нив знаат да играат, со нив знаат да креираат своја приказна, која ќе им биде блескава водилка низ лавиринтите на животот. Празниците да не носат празно, посебно за искрениот шарен свет. Елката, лампионот, куклата, автомобилот, камионот,,, постарите да ги израдуваат, низ фантазиите со нив да патуваат. Во својот самостоен лет да им дадат место и на оние кои некогаш помислиле да ги израдуваат на некој начин … Колку ли желби се збрани во едно колетче?! Или имагинација, фантазија во една играчка, која на некои можеби ќе им биде и цел!

Loading