ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПРВО КАЈ ПРВАЧИЊАТА

Градоначалникот Марјан Ристески стаса заедно со Дедо Мраз кај првооделенците во ОУ ,,Кочо Рацин,,. Со песничката Елко, елко, кочорациновите првачиња и нивните родители го пречекаат Ристески, кој им ја честита Нова година. Дали знаете дека Градоначалникот не е Дедо Мраз? – праша тој.      Децата не се забунија и на прашањата, што сакаат да бидат, дали знаат што работи градоначалникот…? Некои сакаат да станат доктори, некои учители, директори… Имаше и такви кои едноставно сакаа да си бидат Дедо Мраз. Убаво! – Градоначалникот прави паркови, детски игралишта, улици… – му одговорија итрите. – Кога ќе направиш сала? – праша ученик. Додека стаса до салата и другите желби Градоначалникот им подели пакетчиња – колетчиња да се заблажат. Пораката е да не им ги даваат пакетчињата на татковците да ги чуваат зашто годинава тие биле по благото.

Loading