ДЕДО МРАЗЧИЊА СО ЦРВЕНИ КАПЧИЊА

Сите дечиења од училиштата во градов и населените места, од Центарот за посебни потреби, од градинките, од специјалните паралелки со црвени капчиња го чекаат новогодишното изненадување во укарсените училници. Ученичињата и дечињата вообичаено украсија и елка за да им се исполни желба – детска. И овие генерации на деца, Дедо Мраз и градоначалникот Марјан Ристески го пречекаа со песна. Ученичињата во еден глас запееја за снегулките, за елката, за Новата година… Кажаа стихотворба пред Дедо Мраз, родителите и претставниците од Локалната самоуправа. Облечени како принцези, снешковци со метли и други ликови доловија детски мечти… Знаат дека Дедо Мраз доаѓа од Лапонија со елени и санка, но беа скромни и не ја откриваа новогодишната желба – што за Нова година. Одлучните посакаа робот, кукли, автомобилчиња, колетчиња со грицки …

Loading