Во ООУ “Рампо Левката”
Етно ден посветен на традицијата се одржа во основното училиште “Рампо Левката”, на кој учествуваа учениците од 6,7 и 8 одделение со наставниците и родителите. Се презентираа и изработија најразлични ракотворби, преку кои учесниците порачаа дека македонската традиција и фолклор се неисцрпна ризница и за малите генерации, дека треба да се зачуваат занаетите на дедовците за да не се изгуби идентитетот. Ја развиваме љубовта кон фолклорот и традицијата. Ги мотивираме децата да ги изучуваат занаети. Зашто, тие не се само историја, туку и иднина. Младите се поучуваат да ги негуваат и одржуваат традициите – вели Соња Блажеска, директор на ОУ “Рампо Левката”. Учениците уживаа на можноста да демонстрираат креативност. Низ забавна работа ја почитуваат традицијата и фолклорот.