ПРВООДДЕЛЕНЦИ НА “ЉУБОПИТНА ПРИНЦЕЗА”

ПРВООДДЕЛЕНЦИ НА “ЉУБОПИТНА ПРИНЦЕЗА”

Претставата “Љубопитната принцеза” собра основци во Центарот за култура. Неколкуте актери создадоа пријатна атмосфера. Беше убаво. Имаше три – четворица глумци, кои низ разговор, раскажуваа и играа околу една принцеза. Убава беше мојата прва средба со театарот. Сакам да гледам и филмови во кино – вели првоодделенка, на која í се откриваат тајните на културата. Џагорот покажа дека претставите се соодветен контакт за запознавање на децата со светот на уметноста, а поучните претстави ќе им се врежат да се однесуваат пристојно во животот.

Loading