ПРВ РАСКАЗ И ,,МАШКА,, ПОБЕДА

Елиза и Ивона се седмооделенки во ОУ “Добре Јованоски”. Едната е кај раководителот Соколе Митрески, а другата кај Роза Аџиоска Бурнеска. Заедничко им е учеството на конкурсот за лична творба во организација на Градската библиотека. Ивона Николоска со расказот “Тајната на моето другарче” го освои првото место. Тоа í било поттик да пишува понатаму. Расказот “Ранетиот гулаб” на Елиза Миновска го освои третото место. И бил прв натпревар, а била дел од разни литературни читања. Наставничката Стојанка Димеска вели дека ученичките, покрај што се примерни и одлични, знаат да ја искористат инспирацијата од секојдневниот живот, природата и да ја слеат во стихови.

Loading