ТРЕСКАВИЧЕН ПЕЈЗАЖ ЗА ТРЕТО МЕСТО

Ученик е во втора година во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Мики Доневски е скромен ученик, добитник на трета награда за фотографија. Првпат се натпреварува. Фотката на која овековечил дел од природниот пејзаж на манастирот “Богородица – Трескавец” му донесе сертификат за освоено трето место . Љубител сум на планините. Со другарите често се шетаме низ природата. Случјано сликнатата фотографија со мобилен телефон, по обработка, излезе добро и беше наградена. За надарените, не мора теорија. Така е и со фотографирањето. Хоби ми е, кое го сфатив со помош на професорот по ликовна уметност Александар Тасески. Ме поднаучи на некои техники. Инспирацијата и добра смисла за компјутерска монтажа, ја прават сликата комплетна. Желба имам да свирам. Со акустична и електрична гитара во дружба сум три години. Ќе следи бенд – рече Мики Донески. За најуспешна фотка се натпреварувале осум училишта од цела држава. Прилепските среднисти понудиле 21 фотографија, а најуспешна била на Мики Доневски.

Loading