СПОРТСКИ АКТИВНИ И УСПЕШНИ ИДНИ ЕКОНОМИ

СПОРТСКИ АКТИВНИ И УСПЕШНИ ИДНИ ЕКОНОМИ

Околу 900 ученици за една недела минуваат низ ситото на фитнес салата во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Професорот по физичка култура Василе Гајтаноски е задоволен од практичноста на салата, иако има потреба од фискултурна. Малата сала располага со 30 справи, колку што обично има ученици во еден клас за фискултурниот фитнес “клуб”, шо постои четири години. Атлетка се вежба по патека на паркот. Во салата има подготовки за спортските активности. Постигнуваме забележителни резултати. На велосипедските натпревари за средни училишта освоено е прво место екипно и поединечно за возење до седум километри до Големо Коњари. На врвот сме на државните натпревари во трчање на куси патеки – скокови во далечина. Имаме и државен првак во карате – објаснува Гајтаноски. Трето место освоиле, играјќи мал фудбал во прилепските натпреварувања и надмудрување. Женските биле први во играта со “нога”, во мал фудбал во 2008 и 2009 година. Младите кошаркари биле први меѓу средните училишта во 2010 година. Спортските секции се активни. Професорите организирано се натпреварувавме на зонскиот натпревар во Крушево. Освоивме бронза во одбојка, а бевме втори во мал фудбал во Прилеп. Им даваме пример на учениците, колку спортската дисциплина е добра за нивното здравје – објаснува професорот Василе Гајтаноски.

Loading