Сакам да изнесам еден проблем кој ја уништува нашата дедовска и прадедовска национална култура пред очите на државните власти додека “спијат во длабок мечкин сон”.
Постои организирано антимакедонска уништувачка пропаганда од пред неколку години од македонски изроди без разлика на национална и верска припадност. Тие одат по селските дворови и ги собираат сите видови од камена изработка, камени корита, воденички камења, камени мелници, камени корита од казарниците и други значајни предмети. После ги продаваат за мали пари, главно во Грција и Швајцарија.
Грчката национална пропаганда добива пари од ЕУ. Со нив ја уништува нашата културна вредност. Ќе дојде време кога Грците ќе ни постават докази дека немаме ништо, а тие имаат секакви културни вредности од сите времиња, дека сета македонска култура е нивна, а ние сме дошле од север голи и боси и така сме останале.
Предлагам властите кои ги плаќаме да ги откријат, да ги спречат нашите јуди, да ги одземат украдените предмети и да ги осудат за изроди на македонската култура и држава. Надлежните порано беа побудни и построги. Само со лавовите во Скопје ќе одиме во ЕУ? Не, таму бараат богатство – културно и историско од векови, векови за да бидеме во Европа. Без нив сме нова непризната нација. Минатото треба да се чува и негува. Апелирам властите да ги отворат очите, да ги спречат бандитите и да ги осудат. Никој не може да чепне во не европските културни вредности. Се чуваат како своите очи.
Томе Велјановски од Шведска