ПАТЕПИСЕЦ ОПИЕН ОД КАЛДРМА

Методија Зајкоски го водел Никола Бувие низ прилепската срцевина – тврди Јосиф, син на Методија

Прилепскиот дух и фолклор незаборавен и овековечен во бесселер “Употребата на светот”, објавен на над сто живи јазици

Швајцарецот Никола Бувие важи за светски писател, публицист, главен режисер за Швајцарската телевизија. Во Библијата на пистелите патници, забележани се видувањата и доживувањата од неговите прошетки низ државите, градовите, меѓу кои и гнездото на ,,македонштината,, – Прилеп. Видувањата за Балканот за секојдневието од контактите со луѓето, мисловната поимливост зацврстена со фолклорниот амбиент на Балканските народи ја опишал со реченицата, “Балканот е срцето на Европа”. Таа е забележана и на спомен плочата неодамна поставена во центарот на Прилеп.

Швајцарски преродбеник

Бувие не би бил толку значаен доколку не се позанимавал со прилепските мајтапџии, собирајќи фолклор и народни инструменти. Во 1953 година престојувал три ипол месеци во хотел Јадран и создал зборовни реденици, овековечени во книгата “Употребата на светот”, објавени во над 100 живи јазици. Прилепчани пред еден месец со Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со почит му поставија плоча во центарот. Швајцарецот од Женева со француско потекло доживеал старост од 73 години. А сликите од прилепските улици, сокаците на Старата чаршија духовно ги доживувал и преку раскажувањата на Методија Зајкоски, интелектуалец од градска фамилија, стара 600 години. Методија го запознал со културно – историските споменици, нивното значење. Заедно ги проучиле тајните на манастирот Свети Арахангел, а срцето му го полнела Старата чаршија. Се наврати на кусо во градот залегнат под стеновитото возвишение на Марковите Кули, да ѕирне во живиот дух и да чепне по минатото преку листање на меморијата во 1995 година. Погребот на случајниот познаник, пријателот од 50 – тите, кој му оставил трага во животот, го пропуштил. Како почит е неговото на 40 дневниот помен на дедото Ордан Зајкоски. Ги разбудил сеќавањата снимени во документарните филмови – еден за за семејството Зајкоски, на кои им бил гостин и еден за Македонија и фамилијата каде бил гостин. Јосиф Зајкоски, син на Методија Зајкоски, каде престојувал Бувие во Прилеп, ги памети средбите со славниот писател. Татко ми беше човек со светски манири. Образован во Америка. Зборуваше девет јазици. Гости од други држави го бараа да ги води низ лавиринтите на прилепската историја, на навиките и обичаите. Бувие беше наш гостин. Денес, злоупотребена е нашата фамилија и неговото име – вели 65 годишниот Јосиф Зајкоски, син на Методија.

Политички “патеписи” на Бувие и фамилија Зајкоски

Иритиран од злоупотребата на името на Бувие за политички цели, Јосиф најавува барање правда низ судските лавиринти. Прилепската слика во делото е преведувана од српска книга, а не од оригиналната француска верзија. Во патеписната книга ,,Употребата на светот”, која и не е некое ремек дело, татко ми е опишан како човек со налудничав поглед. Целосно лага е и тотална вулгаризираност. Оцрнета е нашата фамилија. Затоа ќе оди ова на судска разрешница. Бувие легнуваше и стануваше во хотел Јадран. Се шеташе по улиците. Беше често кај нас. Со татко ми запозна дел од прилепскиот дух – забележува Јосиф Зајкоски. Имал осум години и се сеќава на престојот на Бувие кај нив дома. Се прашува зошто не им е оддадена чест на фамилијата со покана при поставувањето спомен плоча посветена на патеписецот. Бувие ја запозна и Македонија преку татко ми, а никој нé не покани на чинот на откривањето на плочата – се лути Зајкоски. Разочаран е од забележувањата во книгата “Употребата на светот”. Вели дека книжевното дело е фалсификат и треба да се разјасни. Србија во 1953 година е претставена како рај, а Македонците се наречени Грци, Бугари. Македонскиот јазик – дијалект. Македонија е опишана како земја во крајна беда, во која врие од болви, вошки, што не кореспондира со вистината. Бабите ги опишува како вештерки, а во хотел Јадран работела дебела хигиеничарка, која неговата “маленкост” ја нарекува кобила. Не доликува за интелектуалец – рече Јосиф. Бувие бил близок роднина на Жаклина Кенеди, а прашање е дали има поврзаност и потекло со британскиот патеписец Џорџ Фергисон Бовен кој во 1849 година бил во дел од Македонија и Грција. Никола Бувие е роден во 1929 и живеел до 1998 година.

Loading