ТРАЈЧЕ ТРЕТ ДЕТСКИ АМБАСАДОР

Трајче Камчески е новиот Амбасадор на Детската амбасада, За сите деца во светот. Тој е третиот млад човек кој ќе ги штити детските интереси. Назначувањето беше пред претставници од дипломатскиот кор, почесниот амбасадор на децата Киро Глигоров. Трајче Камчески е благодарен за довербата која му е укажана. Искрено и верно ќе го негувам ова детско катче, кое е алка од детскиот свет. Ширење на пријателството со сите, еднаквост на децата, заштита од злоупотреба – вети Трајче Камчески. Сината лента за слободата и жолтата еполета за сонцето, Трајче ги прими од претходникот, кој четири години одговорно ја извршувал функцијата. Одговорно се однесував и се стремев за создавање на “детска држава”. Продолжувам – изјави Христијан Талески, вториот Амбасадор на Детската амбасада.

Loading