НАВЕДНАТАТА ГЛАВА

Награден расказ од ЈОУ ,,Градска Библиотека – Борка Талески,,

НАВЕДНАТАТА ГЛАВА

Во соседството живее сиромашно, чесно семејство. Лиле е слабичка жилава жена. Насмеана и мила. Доаѓа на кафе кај нас. Тина е врсничка со сестра ми, а Јане е матурант и одличен ученик. Тие се двете деца на Лиле и чичко Мирко. Смуртен, пијан и валкан човек, од паѓањето по улици. Секој заробен денар го дава за пченица за гулабите или во кафеана. За семејството ни денар. Како мала не разбирав што се случува. Сега жалам за тетка Лиле. Работи, за да им обезбеди леб и облека на Јане и Тина. Догледува стари луѓе, чисти и пери по дуќани и куќи, и аргатинка оди по нивите. Кога ќе дојде си шепотат со мајка ми. Овојпат тетка Лиле гласно раскажуваше за маката, понижувањата, малтеретирањето. Занемени, плачевеме. Во детската соба и допираше гласот, проткаен со плач. Парите за седумдневната екскурзија на Јане и исчезнале. Виновникот – чичко Мирко. Ги потрошил на јадење и пиење, честење во кафеани. Дома кога се вратил викал, кршел и ги тепа тетка Лиле, Јане и Тина. Ги избркал и им ја заклучил портата. Побледени, уплакани, со наведнати глави, со модрици по телото, рацете, лицето затропаа на нашата врата… На Тина косата и беше искасапена. Ги прибравме им дадовме вода. Вечерта останаа кај нас, а утредента се вратија дома, го расчистија нередот и продолжија со животот. Јане помогна за претстојната зима. Собраа пари за дрва и зимница. Тина ја скрати косата, божем, така сакала. Чичко Мирко трезно ја наведна главата неколку дена. И пак продолжи по старо. Валкан, намуртен, пијан.

Првонаграден расказ од Марија Стеваноска, 4-1 одд.

ОУ “Добре Јованоски”

ментор: Олгица Вељаноска

Loading