НАГРАДИ ЗА ДЕТСКИ НАСМЕВКИ

НАГРАДИ ЗА ДЕТСКИ НАСМЕВКИ

Ружица Цветкоска, Александар Словакоски и Стефан Цветкоски се наградени ученици од ОУ “Блаже Конески” за најдобро изработен цртеж на тема “Весело и безгрижно детство” и “Никој не сакам да ме продава”. Ученици од ОУ “Блаже Конески” и Кире Гаврилоски – Јане” биле дел од проектот од СВР Битола и подршка од набљудувачката мисија на ОБСЕ за превенција од дрога и трговија со луѓе. Приборот кој како награда го добија е поттик за нова оригиналност и убаво да ја негуваат слободата, вешто избегнувајќи ги проблемите. Ружица, Александар и Цветан велат дека околу децата се врти светот. Тие не треба да се злоупотребуваат. Умешно цртале, а творбите се дел од 82 -те ликовни дела пристигнати на конкурсот. Полицискиот оддел за превенција од трговија со деца три месеци со разговор и предавања им укажувал на децата од трета и четврта година од средните општински училишта, со какви предизвици може да се сретнат во странство. Организирале работилници и со деца во Дебреште и ОУ “Добре Јованоски”, како и во Крушево, Прилеп и Македонски Брод. Младите треба постојано да се информираат, посебно во селската средина. Совети и за родители и деца се потребни да се избегне синџирот со бело робје – рече Дејан Ангелески, виш инспектор во МВР – Прилеп.

Loading