НАГРАДЕНИ ЗА КВАЛИТЕТЕН МАРКЕТИНГ ПЛАН

Ане Матевска, Наташа Талеска, Соња Петреска, ученички во четврта година во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, успешно изработиле маркетинг план за што биле наградени на натпреварите во МАССУМ со трета награда. Се придржувавме до правилата, но немавме доволно време за изработка. На проектот работевме еден месец со припомош на менторите Цветанка Димоска и Билјана Маркоска. Маркетинг планот е основа на секој бизнис план – велат екомонистките, кои ќе завршат со звање економски техничари. Желба им е да продолжат со школување на некој странски или наш факултет или да работат со професијата. Економистите Доан Сулејманоски бил првонаграден, а Симона Илиоска – трето наградена за јавно говорење. Мики Донески имал најдобра фотографија, а Билјана Стојкоска направила најдобро интервју за работа.

Loading