ЕКОНОМИСТ ПЕЕ ЗА “ГИМНАЗИСКО КРЕМЧЕ”

ЕКОНОМИСТ ПЕЕ ЗА “ГИМНАЗИСКО КРЕМЧЕ”

Потпретседател е на младите во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. На Христијан Ристески ова му е последната година во стручното училиште. Нема да се насочи кон оваа струка, зашто музиката му е во срцето. Планира да биде дел од елитата на песнопојците. Има потреба од економската ука и за продуцентска “куќа” во светот на музиката. Се што научив ќе ми помогне, ако се впуштам во бизнис со музиката – кажува Ристески. Познат е по песната “Гимназиско кремче”. Таа е наша. Имаме нов албум со песни од секојдневието. Интересно пееме за Прилеп. Она што го гледаме, го зборуваме. Продуцент сум, а лириката е на Петар Кузманоски – вели Христијан Ристески. Планирале хепенинг за промоција на спот и албум, со присуство на повеќе уметници.

Loading