“СТИКЕРМАНИЈА” ИНТЕРЕСНА И ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ

Флуоросцентни самолепливи сликчиња ,лепенки со разни форми и теми залепени во фотоалбуми се хит меѓу децата неколку години. Некогашната манија, собирањето сликчиња од јунаците од цртан филм или ликовите од омилен сериски филм, кои се лепеа во специјални печатени албуми, денес е заменета со стикери во разни големини за на прозорци, огледала, ѕидови, прилагодени во минијатури. Во зависност од големината ги има паковање од 10 денари до 50, пластифицирани, светликави, флуоросцентни… Децата обично ги лепат самите во празни фотоалбуми и си прават колекција, од разни ликови, облеки, бројки… Дупликатите ги заменуваат со врсничињата, како некогаш кога постарите генерации кои собираа сликички и албуми од спорт, животинско царство, Пепелашка, Плавокапица, Хајди… А со стикерманија ги заразија и нивните родители кои даваат секојдневно по 10-20 денари за пакување со по неколку сликчиња. “Поважен “лик од цртаните ,,вреди,, – 40 денари. Итрите трговци за да ги намамат децат почнале поголемите да ги делат по пет денари од парче. Има и по 100 денари. Има и албумчиња за нив, но мора да ги ставиш на нив само ликовите по тематска содржина, а тоа тешко оди. Лепењето и размислувањето кое каде да се залепи, во кој агол,   сликчето од стикерите на најлончето во фотоалбумите ја “разгорува” детската фантазија, а учи и на креативност. Некој би рекол од “отпадокот” да се создаде шаренило и поумешно да се спои во приказна.

Loading