МАЈСТОРИИ СО БОЛНО КОЛЕНО

Фудбал: Новче Ацески, играч за врска во 11 Октомври

Само здравје, напролет можам подобро – вели креаторот на играта 

11 Октомври е трет на есенската табела од Втората лига, со ист број бодови (28) и гол – разлика со вториот Тиквеш, а само еден зад првиот Охрид 2004. Оствареното дава шанси за завршување на амбициите – пласман во прва лига. При врвот сме. Недостасуваат четири бода од нерешените со Цементарница и Беласица. Поразот од Миравци дома е, според непишано правило,а изненадување на стартот, понесени од фаворитската улога. Како се редеа колата, се поправавме. Лошо почнавме, а одлично завршивме – вели Новче Ацески, играч за врска на 11 Октомври. Цела есен играше со оперрирано коленото. Немаше тест натпревари, туку веднаш се вклучи во првенствените битки. Од трибина се гледаше дека со мака издржува. Тешко е со болно колено. Двапати паузирав, сепак дадов максимум. Напролет ќе можам уште подобро – најавува Ацески. Даде четири гола, а бројни се дриблинзите, додавањата… Задолжен е за нафрлувања од аголот, скусени корнери, слободни удари. Барањата од стручниот штаб не се товар. Настапив според очекувањата – потенцира Ацески.

Напролет е вториот круг, реваншите со истите ривали. Ќе решаваат гостувањата кај Миравци и Охрид 2004. Ако таму се освојат бодови, работата речиси е завршена.

– Треба да се додаде Еуромилк. Сосема солидна екипа се. Добра е и Риниа, но таа ни доаѓа дома. Лигата е квалитетна, нема да е лесно, но ќе успееме. Сигурно ќе се засилиме. Го очекуваме повратникот Мегленски – истакнува Ацески.

Вредни се осумте победи, периодот од 934 минути непримен гол, но се чини највреден е податокот за 28 илјади гледачи на осум првенствени и две средби за куп. Тимот е најгледан во државата.

– Публиката ја придобивме со чист, чесен фудбал. Таа го сакаат прилепчани. Нема поубаво од полна трибина – подвлекува Ацески.

Тој останува во клубот. Плановите се оптимистички. Напролет е битката во втората лига, наесен – прва лига.

– Нема кој ќе оди во друга средина. Ако нема шанса за странство, најдоброто во државава, со организација и спонзор е – 11 Октомври – заврши Новче Ацески.

Во лошото – добро

По европските казни за Победа, се појави 11 Октомври и се докажа дека и во лошото може да се случи – добро. Ацески како играч кој премина од едниот во другиот клуб, може да споредува.

– Пропаѓавме, а сега одиме во прогрес – вели Ацески.

Loading