ПОЧНАЛЕ СО ПОДАРОЦИ, ЗАВРШИЛЕ СО ТУРКАНИЦИ

Општински лиги

Дербито на А – Општинската лига, помеѓу второпласираниот Пролетер и лидерот Динамо Мажучиште, не го доживеа крајот. При резултат 4-3 за домаќинот, во 90. минута, настанала мешаница со вклучување на публиката, без услови на игралиштето “Гарнизон”. Штета, се направивме да биде фер. Пред почетокот им поделивме на гостите три шишиња минерална вода, а кога нивниот капитен, највозрасниот, Златко Наумоски, рече дека ова му е последниот натпревар во кариерата, прикупивме уште вино и бомбониера. Ништо не навестуваше на кавга. Немавме причина за прекин. Провокации, плукања и клоци по нашите млади играчи имаше од гостите. Дел од публиката влезе во теренот и настана турканицата. Не можевме да спречиме, се се случи секундарно – вели Сами Јашароски, член на управа од ФК Пролетер.           Останати: Кадино – Ц. Ѕвезда 5-0, Воѓани – Боротино 4-4, Кадица – Козара 4-1, Чепигово – Обршани 0-0, Тополчани – Тризла 1-0. Есенски првак е Динамо со 27, пред Пролетер со 23 бода, но се чека регистрација на прекинатото дерби.

Во Б лигата: Братство – Гарван 1-0, Илинден – Клепач 3-0, Канатларци – Беровци 1-0, Мукос – Пелагонија 0-3 (сл.). Есенски првак е Братство Житоше со 29, пред Илинден со 20 бода.

Loading