ГИМНАЗИЈАЛЦИ – УСПЕШНИ ШАХИСТИ

Од 30-тина средни училишта на натпреварите во шах во Скопје, гимназијата,,Мирче Ацев успешно ја претставија гимназијалците Мартин Николовски и Гоце Велески,, , освојувајќи прво и четврто место. Гоце е четврта година, а Мартин втора. Размислуваат професионално да се занимават со шах. Ова им е втор настап за училишните, а Мартин учествувал и на државни натпревари. Вежбал во специјална шаховска школа. Играта шах е ,,тренинг,, на мозокот. Важно е да се знае како да се отвори, да се развие играта и да се заврши. Интересен е секој потег, ако се најде смислата и логиката – велат успешните ,,гимназиски шахисти,,. Лани, пробале да играат на џиновската шаховска табла пред ЦК ,,Марко Цепенков,, Велат, добра е како инспирација, занимација, но фигурите се преголеми, нема прегледност и не може никако да се фати ритамот на шаховската игра. Покрај ученици од 30-те средни училишта, во шах се натпреваруваа и основци од 80 – тина училишта.

Loading